СЕ ВЕРИ СО СИН НА ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН

Македонската Ева Мендез стана охридска снаа!

Манекенката Мартина Михајловска, која многумина ја нарекуваат и македонската Ева Мендез, се вери!

Манекенката Мартина Михајловска, која многумина ја нарекуваат и македонската Ева Мендез, се вери! Нејзиниот партнер Виктор клекнал минатата недела и тоа на прославата на неговиот роденден, а чинот на запросување бил проследен и со голем огномет кој бил организиран специјално за оваа пригода.

Универзумот ни ја прати целата среќа и љубов на овој магичен ден. За нас! За вечност! Ти си мојата љубов, вера и надеж, напишала манекенката под фотографијата од свршувачката.

Инаку, нејзиниот избраник по потекло е од Охрид и е син на познат угостител и бизнисмен, а парот пред да се вери беше една година во врска.

Домашната јавност, пак, атрактивната убавица имаше можност да ја запознае преку видеото на Александар Тарабунов за темата "Сакам, не сакам", а, исто така, има учествувано и на многу ревии и е заштитно лице и на неколку познати брендови, а беше и водителка на естрадниот магазин "Бекстејџ".

Поврзани

Најнови вести

Коментари