Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија.

Хит песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.

Спотот веќе има над милион прегледи и ниту еден „дислајк“, а некои веќе не вбројуваат во фаворити и победници на Детската Евровизија.

За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма.

Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.