logo
logo
logo

Лозано запеа со другарите од „Дајте музика“

Vecer | 10.02.2021

Лозано запеа со другарите од „Дајте музика“

Ако веќе го слушнавте последниот хит на Влатко Лозаноски – Лозано, тогаш сигурно знаете за неговата соработка со детскиот серијал „Дајте музика“. Песната „Другар“ е веќе хит на радиостаниците и на Јутуб, а станува збор за весела разиграна и забавна тема.

Во година на пандемија, во време кога сите деца посетуваат он-лајн настава, детскиот серијал „Дајте музика“ им влеа надеж на сите деца за подобра иднина, а песната „Другар“ нe потсети на едно безгрижно детство полно со авантури и забава.

Лозано одлично се вклопи во концептот на „Дајте музика„ за една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија. Како и за претходните песни на Лозано, така и на оваа како автори се потпишуваат, тандемот Лазар и Ена Цветковски.

https://www.youtube.com/watch?v=3vX3HZ-2lx0

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk