logo
logo
logo

Лозано закажа концерт во Охрид: Еве ги деталите

Vecer | 22.07.2021

Лозано закажа концерт во Охрид: Еве ги деталите

Една од нашите најголеми музички ѕвезди, миленикот на сите генерации, Влатко Лозаноски - Лозано овој петок (утревечер) ќе одржи голем концерт во Охрид. По пауза од две години, Лозано повторно ќе пее во нашиот туристички бисер, а интересот за неговиот настап е веќе голем уште по објавување на првата информација.

Лозано се нетрпение ја очекува дружбата со публика, бидејќи како што вели, настапите во Охрид се секогаш посебни.

- Драго ми е што после пауза од две години повторно ќе пеам во еден нашите најубави градови во Македонија. Охрид секогаш ми буди само позитивни мисли, позитивни сеќавања. На публиката им ветувам одлична забава во петок, вели Лозано.

Концертот ќе се одржи на фудбалското игралиште кое е во склоп на хотелот „Аквалина“ со почеток од 22 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk