logo
logo
logo

Љубовта се претворила во хорор, ВЕДРАНА РУДАН СЕ РАЗВЕДУВА ПО ТРЕТ ПАТ! Ги сакал нејзините ПАРИ

Vecer | 17.07.2021

Љубовта се претворила во хорор, ВЕДРАНА РУДАН СЕ РАЗВЕДУВА ПО ТРЕТ ПАТ! Ги сакал нејзините ПАРИ

Не можела да премине преку некои работи.

Писателката Ведрана Рудан (71) неодамна на својот блог напишала за новиот 16 години помлад партнер за кого и се омажила. Сепак во последниот текст кој го напишала, оваа љубов се претворила, според нејзините зборови, во хорор.

- Ј**оте! Некој да ми го кажеше тоа? Љубовта на мојот живот за момент се претвори во хорор. Се беше на наша страна. Јас имав пари и го сакав само него, а тој ме сакаше мене бидејќи имам пари. Бевме идеален пар. Разводот ќе биде скап, како миксани јајца на свети Петар...

- Кога ќе одевме на вечера плаќаше со мои пари, но нарачуваше храна без сол, бидејќи имам висок притисок. Со моите пари купи автомобил на свое име, и со таа кола ме возеше во брза помош кога ќе ми се качеше и спушташе притисокот. Се беше така је“но нормално. Срцето почна силно да ми лупа, па застана. Во неделата требаше да славиме роденден на неговата ќерка Вивијан, добила име по креаторката Вествуд. Сите ја викавме Виви. Мојот иден сопруг се вика Вито, во л.к. му пишува Вито Бенвенуто. Некои од пријателите ми приговараа што се омажив за Италијанец, но тоа беше пред ова фудбалко првенство. Не ги сакаат Италијаните бидејќи на граница за*баваат поради ПЦР, напишала Ведрана Рудан во свој стил и додала дека на таквите замерки одговара дека се омажи од љубов и дека не е битно од каде е, бидејќи “сите сме црвени под кожата“, битно да биде добар човек – напишала Ведрана а потоа открила дека кавгата се случила поради повикот на извесна Живка која исто така требала да биде на роденден, што за Рудан не доаѓало во предвид.

Ведрана напишала дека моментално е на лекови и моркови:

- Моментално сум на апаурини, хелексим, рехидромикс и варени моркови. Истовремено патам од депресија и дијареа. Доктор Николиќ рече дека тоа се случува едно по друго. Заборавив дали прво беше дијареа или прво беше депресија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk