Легендарниот пејач заврши во болница, итно откажани сите концерти

Легендарниот британски пејач Сер Том Џонс е пренесен во болница поради бактериска инфекција, а сите негови концерти во Британија се откажани.

Како што пренесува Ројтерс, 78 годишниот Џонс, им се извинил преку Твитер на своите обожаватели.

-Сер Том Џонс има бактериска инфекција поради која прима лекарска помош. За неговата состојба добро се грижат и се надеваме на брзо закрепнување. Многу е разочаран и жали што не е во можност да настапува, е наведено во соопштението на неговиот Твитер профил.

Поврзани

Најнови вести

Коментари