logo
logo
logo

Легендарната убавица НЕПРЕПОЗНАТЛИВА од лоши естетски зафати - ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕГА ИЗГЛЕДА СЕМИ ЏО

Vecer | 02.07.2021

Легендарната убавица НЕПРЕПОЗНАТЛИВА од лоши естетски зафати - ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕГА ИЗГЛЕДА СЕМИ ЏО

Ѕвездата на „Melrose Place“, Хедер Локлир (59) ги загрижува обожавателите со својот изглед, а кружат гласини за проблеми со нејзиниот свршеник Крис Хајсер, со кого ја обнови љубовта во 2017 година.

Инаку, Хедер е позната и по улогата на Семи Џо Карингтон во сапуницата „Династија“, која се емитуваше во раните 80-ти, а ја следеа гледачи низ целиот свет. Жените порано сакаа да изгледаат како актерката, а мажите воздивнуваа по неа. Таа беше на списокот на најубави жени, но денес е само сенка на убавината што беше.

Таа сега има многу побујна фигура, а лицето постојано и изгледа отечено, што, како што пишуваат странските медиуми, е последица на естетските зафати кои ги имала, но поради години алкохолизам. Очигледно е дека со операции ги средувала образите и носот, а веројатно се предозирала и со ботокс. Бидејќи Хедер се појавува во јавноста без шминка, нејзиното поинакво, руинирано лице уште повеќе се истакнува.

Веќе со месеци се шпекулира дека таа ја раскинала свршувачката со претприемачот Крис Хајсер (59), но актерката не сака да ги коментира гласините и избегнува појавување на медиуми.

Последен пат парот беше виден заедно на крајот на мај во Калифорнија и не изгледаа многу добро, особено Хедер која беше целата отечена. Тие купувале, а кога ги забележале папараците, побрзале кон нивниот автомобил.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk