logo
logo
logo

(Видео)

Лара е „ОСАМЕНА“, ама НЕ губи време!

Vecer | 15.06.2021

Лара е „ОСАМЕНА“, ама НЕ губи време!

Нема сомнежи дека оваа 2021 година е година на младата пејачка Лара Иванова. Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, дефитивно таа ги освои симпатиите на публиката. Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите.

Но, Лара не губеше многу време за нејзината следна песна. Таа вчеравечер на социјалните мрежи „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Спотифај“ ја промовираше нејзината најнова песна. „Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев - музика и аранжман, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков.

Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка.

- Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни “Некогаш ќе помине” и “Кој е сега крив” кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки, вели младата Лара.

Инаку, режисер на овој видеоспот е Владимир Митревски - Ѓуле, кому ова му е прва соработка со младата ѕвезда, која се пофали дека идејата била нивна заедничка.

- Спотот за “Осамена” е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен, вели Лара.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=WVo2D0yqmgo[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk