Популарниот фестивал во Прилеп, Пивофест годинава ќе се одржи од 14 до 17 јули, а овој пат, конечно, акцентот е ставен на македонската музика и домашните музички имиња.

Па така, публиката на сцената ќе има можост да ги види и чуе Наум Петрески, Миле Кузманоски, Елена Велевска, Елена Петреска, Нино Величковски, Нокаут, Меморија, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Љубојна, ДНК, Некст Тајм, Лозано, Ареа, Владо Јаневски, Џамбо Агушев, Суперхикс...

Интересно е дека годинава дел од програмата е и пејачот Ламбе Алабаковски, кој за прв пат по инцидентот во Битола ќе се појави во јавноста. Алабаковски е предвидено да настапи на 16 јули во сабота.