logo
logo
logo

Крис Хемсфорт се пофали со неверојатните бицепси

Vecer | 29.11.2022

Крис Хемсфорт се пофали со неверојатните бицепси

Папараците го фатиле како сурфа со неговите осумгодишни близнаци, а сите ги забележаа неговите неверојатно мускулести раце. 39-годишниот актер има бицепси како Тор, богот на небото и громот, кого го толкуваше во истоимениот филм.

Австралискиот актер неодамна изјави за Vanity Fair дека зема одмор по снимањето на тешка епизода од неговата нова документарна серија Limitless.

„Снимањето епизода за смртта и соочувањето со сопствената смртност ме принудија да поминувам време со моите деца и семејството“, рече тој.

Хемсворт дознал дека има генетска предиспозиција за развој на Алцхајмерова болест. Откако направил тестови на крвта, тој бил информиран дека има меѓу осум и десет пати поголеми шанси да развие Алцхајмерова болест отколку општата популација.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, луѓето како него можат да преземат неколку чекори за да го намалат ризикот, вклучувајќи добар сон, ограничување на внесот на алкохол и откажување од пушењето. Затоа Хемсворт решил да се посвети на поздрав начин на живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk