logo
logo
logo

КРАЛИЦА НА БАШИШОТ: Теа буквално ја гаѓаа со пари кои летаат на сите страни (ВИДЕО)

Vecer | 27.11.2021

КРАЛИЦА НА БАШИШОТ: Теа буквално ја гаѓаа со пари кои летаат на сите страни (ВИДЕО)

Пејачката Теа Таировиќ оправдано ја има титулата „кралица на бакшишот“, а на настапите буквално ја гаѓаат со пари.

На Твитер се појави видео од еден настап, а фан кој очигледно бил фасциниран од пеењето на Теа, но и од играњето, во еден момент извадил пари и почнал да ја фрла по неа.

Од сите страни била опкружена со банкноти, кои летале насекаде околу неа. Има пари во рацете, деколтето и гази по банкнотите кои на подот.

Секако тоа и годело па продолжила да пее, но и да ги врти колковите, додека со двете раце ги фаќала парите.

Теа неодамна изјави дека не и пречи да ја нарекуваат „кралица на бакшишот“.

-Не ми пречи да ме нарекуваат така, на тоа гледам како на нешто добро и награда, бидејќи во тој момент успевам да ги расположам луѓето на прославата. Тоа не е лошо – рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk