logo
logo
logo

КРАЈ НА ГОЛЕМАТА ЉУБОВ: По раскинувањето со Александра Младеновиќ, се огласи ИСАК ШАБАНОВИЌ

Vecer | 21.06.2022

КРАЈ НА ГОЛЕМАТА ЉУБОВ: По раскинувањето со Александра Младеновиќ, се огласи ИСАК ШАБАНОВИЌ

Различните животи си го направиле своето

Иако делуваа како хармоничен пар, Александра Младеновиќ и Исак Шабановиќ ја прекинаа врската после неколку месеци. Како што се наведува, забрзаното темпо и различните карактери ги натерале да стават точка на нивната врска.

Овие наводи прво ги изнесе Александра која на промоцијата на колешката Надица Младенов се појави без силна половина, а потоа откри дека таа и Исак повеќе не се заедно:

-Дојдова сам, немам дечко. Јас сум слободена. Едноставно не се вклопивме, ние сме тотално два различни света, со различни поглед на животот. Одлучивме дека е најдобро секој да тргне по својот пат. Се имаше, љубовта беше тука, но вероватно најважно е она како ти е домот. Веќе не сме заедно, слободна сум, тоа е важно да се кажам - рекла Александра пред новинарите.

По изјавата на Александра се огласи и Исак кој не сакаше да го коментира раскинувањето со младата колешка:

- Така е, раскинавме. Беше убаво додека траеше... Александра е одлична девојка и ќе останеме пријатели. Сепак, сфативме дека сме различни и дека најдобро е секој да си оди по својот пат. Се разделивме без зла крв, имавме убава љубов. Сега сум целосно посветен на работата и настапите, и подготвувам нова песна – заклучил Исак за порталот Магазин новости

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk