logo
logo
logo

Крадец упаднал во домот на бремената Ријана

Vecer | 25.03.2023

Крадец упаднал во домот на бремената Ријана

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека морала да одговори и да уапси маж кој во четвртокот околу 12 часот и 30 минути влегол во имотот на пејачката Ријана на Беверли Хилс, пренесува „Page Six“.

Човекот наводно патувал од другата страна на САД, од Јужна Каролина, за да ја запроси Ријана, но за среќа пејачката има многу добро обезбедување и полицијата брзо интервенирала.

Тој упаднал во нејзиниот имот облечен во црвена тренерка со качулка, а полицијата го однела со лисици.

Меѓутоа, бидејќи не стигнал подалеку од патеката на нејзината куќа, само бил испрашуван од полицијата, а потоа пуштен. Сè уште не е познато дали Ријана, која моментално е бремена и го чека своето второ дете со Роки, била дома во тој момент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk