logo
logo
logo

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во Италија (трет пат)

Vecer | 22.05.2022

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во Италија (трет пат)

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во Италија.

Ова е трет пат оваа година парот да се венча - првпат се венчаа во Лас Вегас, минатата недела направија граѓанска венчавка во САД, а сега организираат раскошна венчавка во Портофино.

Кардашијан носеше краток бел фустан со долг превез, а Баркер елегантен црн костум.

И двајцата ги избраа креациите на италијанскиот бренд Dolce & Gabbana.

 

Раскошната прослава започна уште во петокот, а парот ги покани семејството и најблиските пријатели во Италија.

Баркер ја запроси Кортни во октомври 2021 година на плажа во Монтесито, Калифорнија.

Фото: принтскрин инстаграм

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk