Коњ отфрли познат пејач, кој сакал да го внесе на бучна забава (ВИДЕО)

Пејачот, најпознат по песната Crazy, падна од коњот набргу по влегувањето на споменатата манифестација, која секоја година се одржува во спомен на починатиот рапер на неговиот роденден.
Грин на забавата го внесоа двајца момци облечени како каубојци, а коњот цело време беше многу нервозен и очигледно воопшто не помогна тоа што постојано го влечеа и создаваа хаотична атмосфера околу него.
Кутриот коњ изоде еден круг низ собата со Грин на грб пред да одлучи дека му е доста и го отфрли пејачот на подот. За среќа, Грин добро се снајде при падот, брзо стана и продолжи да игра со насмевка на лицето.