УТРЕВЕЧЕР

Концерт на Калиопи во Куманово

По враќањето и одличниот пласман, односно освоеното трето место на фестивалот во Херцег Нови, "Сунчане скале", Калиопи утревечер ќе има целовечерен концерт во Куманово. Поводот за гостувањето е манифестацијата "Куманово-Град на културата за 2006", а настанот ќе се случи на отворено и на паркингот на Националната установа Центар за култура "Трајко Прокопиев". Публиката на концертот, чиј почеток е закажан во 21 часот, ќе има можност да слушне дел од опусот на оваа наша реномирана интерпретаторка и авторка на композиции, што ја одбележа поп-сцената во изминатите неколку години. (А.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари