logo
logo
logo

ФОТО

Кој рече дека рокенролот е мртов?: Лиам Галагер паднал од хеликоптер, лицето на пејачот крваво и со гребнатини

Vecer | 19.09.2021

Кој рече дека рокенролот е мртов?: Лиам Галагер паднал од хеликоптер, лицето на пејачот крваво и со гребнатини

Поранешниот пејач на легендарната британска рок-група „Оејзис“ Лијам Галагер (48) на Твитер објави дека паднал од хеликоптер во петокот вечерта и приложи фотографија на која може да се види дека при падот најмногу страдал неговиот нос.

„Синоќа паднав од хеликоптер. Не може сѐ да оди мазно. Кој рече дека рокенролот е мртов? Подобар сум од Кит Мун. Вие тоа веќе го знаете“, напиша Галагер во својот препознатлив стил.

Лиам се споредил со Кит Мун, починатиот тапанар на групата „Who“, кој беше познат по своето дивеење на сцена и воопшто.

Како што може да се види од фотографијата, на пејачот му се санирани повредите. На подрачјето околу носот на Галагер се видливи и мали дамки од крв и гребнатини.

Поранешниот пејач на „Оејзис“ потоа коментирал неколку твитови од неговите следбеници кои почнале да шпекулираат за тоа како се случила несреќата. Галагер рекол дека паднал од височина од 30.000 метри, дека снимката од падот ќе ја вклучи во следниот спот и дека фотографијата ќе биде насловна страница на неговиот следен албум.

Британскиот рокер потоа објавил фотографија од шише пиво со констатација дека човекот го зајакнува она што не може да го убие.

Малку подоцна, тој повторно објавил фотографија од своето повредено лице и повторил дека има обвивка за неговиот следен албум.

Галагер настапи на музичкиот фестивал „Isle of Wight“ во петокот во Seaclose Park во близина на градот Њупорт на островот Вајт.

Британецот ја затвори првата фестивалска вечер со својот придружен бенд. Тој изведе 17 песни, а настапот кулминираше со изведбата на хитот „Wonderwall“ на „Оејзис“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk