logo
logo
logo

Кој е виновен и дали имало некаква намера? Инспекторите се сомневаат дека инцидентот на филмскиот сет не е случаен

Vecer | 27.10.2021

Кој е виновен и дали имало некаква намера? Инспекторите се сомневаат дека инцидентот на филмскиот сет не е случаен

Случајот со убиството и ранувањето на сетот на филмот „Рѓа“ се уште е мистерија. Алек Болдвин (63) ја застрелал снимателката и режисерот со филмски пиштол, што на крајот довело до нејзината смрт.

Инспекторите не ја исклучија можноста несреќата да не била случајна, пишува  New York Post. Имено, се уште никој не е уапсен или обвинет, но сепак се зема предвид дека е можно некој сето тоа внимателно да го испланирал.

- Многу работи кружат на интернет, па ако луѓето имаат информации, дефинитивно треба да не контактираат - изјави Хуан Риос, одговорниот за односи со јавноста во полицијата во Санта Фе.

„Ќе ги провериме сите вредни информации“, додаде тој.

Иан А. Хадсон, актерот во филмот „Рѓа“ рече дека снимањето било „опасно по живот“. Тој бил преплашен за време на снимањето на сцената во која други го убиваат неговиот лик одметник користејќи 20 пиштоли и две пушки - сите вистинско оружје.

- Сите во снимачката екипа беа заштитени со штитови, како и камерата. Само објективот на камерата ја проби заштитата - изјави Хадсон, напоменувајќи дека само објективот се гледа како ја пробива заштитата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk