logo
logo
logo

Кој е новиот холивудски фраер кој го глуми Елвис Присли?

Vecer | 07.07.2022

Кој е новиот холивудски фраер кој го глуми Елвис Присли?

Тој е роден е на 17. август 1991 година во Анахајм, Калифорнија. Русокосото синооко момче уште од мали нозе покажувало талент за сцената, па станало ѕвезда на каналот Дизни и Никелодеон, појавувајќи се во многу нивни филмови.

Сепак, животната шанса му се укажала дури во 2019 година, кога познатиот режисер Баз Лурман го избрал да го игра кралот на рокенролот во филмот „Елвис“. Ова е негова прва голема улога, па младиот актер го чувствувал товарот на одговорноста наметнат поради името на познатиот музичар. Исто така, тој се плашел од реакцијата на поранешната сопруга на Присли, Присила и неговата ќерка Лиза Мари.

Една година пред снимањето, Остин земал часови по говор за својот калифорниски акцент да го замени со јужњачкиот говор од Мемфис. Научил и како да ги движи колковите во препознатливиот стил на Елвис. Тоа неодамна го покажа при гостување во една емисија.

Љубовниот живот на овој неодолив русокос маж е доста исполнет. Тој беше во 9-годишна врска со актерката Ванеса Хаџенс, негова колешка уште за време на неговата популарност во Дизни. По раскинување на оваа историска врска, во 2021 година беше снимен како се бакнува со ќерката на Џони Деп, моделот Лили Роуз Деп.

Сепак, најнова негова дама е ќерката на супермоделот Синди Крафорд. Младата манекенка Каја Гербер и Остин Батлер се заедно од декември 2021 година, а заедно беа фотографирани на црвениот тепих на Мет Гала во мај. Тие беа фатени и како се бакнуваат на премиерата на филмот „Елвис“ за време на 75-тиот Меѓународен филмски фестивал во Кан.

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk