logo
logo
logo

Кој е НОВИОТ ДЕЧКО НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ, нејзините деца го сметаат за БОГ

Vecer | 28.04.2021

Кој е НОВИОТ ДЕЧКО НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ, нејзините деца го сметаат за БОГ

Дали актерката одлучи да продолжи понатаму и да отвори нова страница во нејзиниот живот? Разводот со Бред Пит за Анџелина Џоли се уште не го гледа својот крај иако тие долго време не се заедно.

Експертите предвидуваат дека целата постапка ќе трае со години, поради големите суми на пари кои и двајцата ги вложуваат во правните тимови. И, додека Бред се бори со своето искушение затоа што Анџелина сака да го преземе старателството над неговите деца, таа наводно веќе фрлила око на друго момче.

Според таблоидот „New Ideа“, по пет години, Џоли си најде нов партнер, диџејот Дипло. Неименуван извор тврди дека тие неодамна биле видени на состанок на приватна забава во Лос Анџелес. Дополнително, шпекулациите беа „засолени “ од Дипло, кој објави фотографии од ноќно излегување, а таму е видлива и Анџелина.

Медиумот тврди дека Џоли веќе го запознала диџејот со своите шест деца и сите наводно, го обожаваат Дипло.

„Децата мислат дека тој е бог, па нема сомнение дека ќе ја одобрат новата врска на нивната мајка, особено сега кога таа конечно се опушти малку. “, изјави неименуван извор.

Колку се точни тврдењата на таблоидот, тешко е да се открие. Сепак, Џоли во своите изјави силно негираше дека размислува за нова врска или партнер. Таа исто така неодамна за „Вог“ изјави дека сè уште се опоравува од разводот и дека е зафатена со воспитување деца.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk