logo
logo
logo

Кој би рекол дека таа има 54 години? Никол Кидман никогаш не изгледала подобро (ФОТО)

Vecer | 08.12.2021

Кој би рекол дека таа има 54 години? Никол Кидман никогаш не изгледала подобро (ФОТО)

Во своето најново филмско остварување, Никол Кидман ја толкува една од најлегендарните телевизиски ѕвезди Лусил Бол, а на црвениот тепих по повод премиерата на филмот „Being the Ricardos“ го донесе гламурот на стариот Холивуд.

Педесет и четиригодишната актерка изгледаше апсолутно волшебно во креацијата на Armani Privé. Горниот дел, во форма на корсет, беше украсен со детали – сребрени циркони, додека гламурозното здолниште беше изработено од слоеви тул. Со оваа софистицирана креација, актерката искомбинира сребрени сандали украсени со светкави камења и детаљ во форма на панделка на прстите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Никол се одлучи за сребрен накит, кој беше сè само не минималистички. Дијамантни, висечки обетки и ѓердан ѝ ги красеа лицето и вратот, додека на зглобовите на двете раце носеше сребрен часовник и белегзија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk