Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Рис Витерспун се само некои од познатите личности кои оваа година ќе учествуваат на 93-та церемонија на доделување на престижните награди Оскар, пишува „People“.

Овогодишното доделување е закажано за 25 април, а на листата на презентери се големи имиња од актерската и модната сцена како Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд, Рис Витерспун, Анџела Басет, Бонг Јун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Реџина Кинг, Марли Матлин, Рита Морено и Зендеја.

Организаторите на церемонијата претходно овој месец истакнаа дека сакаат доделувањето да изгледа што е можно повеќе како филм, а што помалку како телевизиска емисија.

Освен тоа, продуцентите им испратиле писма на номинираните во кои го побарале нивното физичко присуство на доделувањето. Тоа значи дека, за разлика од другите церемонии на доделување на награди (како БАФТА и Златните глобуси), на 25 април нема да гледаме „Zoom“ разговори помеѓу актерите и презентерите.

Во трка за наградата Оскар е номинирана и босанската режисерка Јасмила Жбаниќ и нејзиниот филм „ Quo Vadis, Aida?“. Филмот за геноцидот во Сребреница се натпреварува за наградата Најдобар странски филм, а во конкуренција се и остварувањата „Another Round“, „Better days“, „Collective“ и „The Man Who Sold His Skin“.