Кога Меланија патува: Потрошила 174.000 долари за 12 часа

Шестоцифрената хотелска сметка на Меланија Трамп предизвика шок, но и критики на многу америкаснки претставници.

Првата дама минатата година била сместена во хотелите Ритз Чарлтон и Шератон Центар во Торонто со својот тим, а сметката изнесувала 174 илјади долари.

Сметките се објавени дури минатата недела, а причината на дванаесетчасовната посета била состанок со премиерот Џастин Трудо и принцот Хари.

Портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам смета дека нема ништо чудно во толкавите износи и оти во прашање се само неопходности.

Кога првата дама на САД патува, постоја уште многу луѓе кои одат пред неа за да го обезбедат просторот. Тука е и здравственото осигурување, комуникација, возила и цела логистика, која чини. Меланија дури носи и многу помалку луѓе отколку нејзините претходници, вели таа.

Сепак, магазинот „Куартс" објави дека оваа сметка е само за Меланија, а оти трошокот за персоналот бил плус 18 илјади долари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари