Клои Кардашијан и кошаркарот Тристан Томпсон добија второ дете кое им го роди сурогат мајка.

Според магазинот „Пипл“, парот добил син, но се уште не одлучиле како да го именуваат момчето.

Тие веќе ја имаат заедничката ќерка Тру, која наполни четири години во април.

Да потсетиме дека Томпсон ја изневеруваше Клои неколку пати додека беа во врска, а има и дете со една од своите љубовници.

Турбулентната врска на овој пар трае од 2016 година, а во тој период неколку пати раскинуваа и се смируваа.

За прв пат на јавноста и соопштија дека се забавуваат на заеднички одмор во Мексико во 2016 година. а веќе следната година беше откриено дека Клои го чека своето прво дете со познат кошаркар.

Само неколку дена пред да се породи, беа објавени фотографии и видео на кое се гледа како Тристан се бакнува со друга жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tristan Thompson (@realtristan13)

По тој инцидент, тој во неколку наврати бил виден како влегува во хотелска соба на друга жена. По породувањето, на кое присуствувал и кошаркарот, Клои решила да му прости на таткото на своето дете за прељубата, па ја известила јавноста дека нема да има раскинување и дека заедно ќе го одгледуваат детето.

Сепак, последната капка беше мамењето на Тристан во февруари 2019 година со Џордин Вудс, тогаш најдобрата пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер. Клои тогаш реши да го остави, но тие накратко се помирија повторно во 2020 година за време на пандемијата на коронавирус.

Тие подоцна открија дека планираат да поминат низ ИВФ, но потоа повторно раскинаа во јуни 2021 година, откако беше виден како влегува во спалната соба со три жени на неговата роденденска забава.