logo
logo
logo

Клои и Тристан пак раскинаа, го фатиле не со една туку со ТРИ ДЕВОЈКИ

Vecer | 22.06.2021

Клои и Тристан пак раскинаа, го фатиле не со една туку со ТРИ ДЕВОЈКИ

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон повторно раскинаа, велат нивните пријатели кои ја потврдија веста за Пејџ Сикс.

До раскинувањето, наводно, дошло откако манекенката Сиднеј Чејс изјавила дека имала афера со Тристан додека тој сè уште бил со Клои.

Дека тие раскинале се дознало дури откако Тристан бил повторно фатен во друштво на непознати девојки. Дејли Меил објави дека Тристан бил виден како влегува во хотелска соба во Бел Ер со три девојки. Тоа се случи само еден ден откако тој вечераше со Клои и нивната ќерка Тру.

"Тристан отиде во една од собите, каде што одат луѓето кои се муваат. Тој беше со три девојки и друго момче. Една од девојките е позната девоја за забава", изјави извор за Дејли меил.

Тристан, наводно, останал во собата половина час, а потоа излегол разбушавен.

"Кога излезе, кошулата му беше неуредна и изгледаше разбушавено. Продолжи да се забавува уште околу еден час, а потоа, околу четири часот наутро, ја напушти забавата", додаде изворот.

Само што пристигнал на забавата, Тристан наводно започнал да пие алкохол и постојано фаќал една девојка за задникот. Тој отиде во собата со неа.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk