Девојките велат дека нивниот татко е експерт за љубовни совети. „Тој ги пишува повеќето од нашите пораки за раскинување“, рече Систин, додека Софија се надоврза, „Силно им препорачувам на девојките да одат кај нивниот татко и тој да им пишува пораки за раскинување затоа што мажите најдобро ги познаваат мажите“.

Систина вели дека нејзините поранешни момчиња никогаш не се налутиле поради пораките што им ги праќала за време на раскинувањето. Кога мисли дека запознала добро момче, таа решава да го запознае со нејзиниот татко, кој никогаш не и се меша во односите со момчињата. „Тој секогаш е резервиран, стои и не кажува ништо“, рече таа.

Нејзиниот татко и рекол дека во првите четири минути може да го процени момчето со кое се гледа и да погоди дали нивната врска ќе успее. „И секој пат е во право“, вели Систина.