logo
logo
logo

Каква мајка таква ќерка

Ќерката на Моника Белучи е НЕВЕРОЈАТНО УБАВА

Vecer | 02.07.2021

Ќерката на Моника Белучи е НЕВЕРОЈАТНО УБАВА

Една од најубавите жени на светот, Моника Белучи, која предизвикува воодушевување дури и на 57 години, со години успешно ги крие своите деца од јавноста.

Актерката сега изненади со ретко појавување во јавност со двете ќерки, 11-годишната Леони и 16-годишната Дева, кои што го доби со поранешниот сопруг Винсент Касел. Моника се прошета со нив околу италијанскиот град Портофино, а постарата Дева особено привлече внимание.

Прекрасната Дева тргна по стапките на нејзината мајка и се занимава со манекенство, а многумина коментираат дека таа ја наследила нејзината убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi)

Дева веќе изгради успешна кариера во модниот свет и неодамна направи уште една кампања за славниот бренд Долче и Габана, со кои соработува и нејзината мајка.

Таа веќе има неколку проекти со нив, дури и во овој период минатата година, а јавноста претходно коментираше дека таа и мајка и Моника се неверојатно слични и дека се како близначки. Некои дури ја нарекуваат копија на актерката, додека други велат дека е многу поубава и собрала фантастични гени од нејзините родители.

Инаку, Белучи неодамна повеќе се посвети на бизнисот со манекенство и има бројни ангажмани, додека ја занемарува глумата. Од 2017 година таа е во врска со 18 години помладиот уметник и сценограф Николас Лефевр и избегнува да зборува за љубовта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk