logo
logo
logo

Ќерката на Мадона е заштитно лице на кампањата на Ријана: Позираше во ДОЛНА ОБЛЕКА ОД ЛАТЕКС

Vecer | 24.09.2021

Ќерката на Мадона е заштитно лице на кампањата на Ријана: Позираше во ДОЛНА ОБЛЕКА ОД ЛАТЕКС

Ќерката на Мадона, Лурдес Леон е едно од лицата на новата модна кампања на Ријана Savage X Fenty. Освен неа и Синди Крафорд и Емили Ратајковски позираа со парчињата долна облека на Ријана.

Третата колекција на Ријана денес се појавува исклучиво на Amazone Prime, а Лурдес ја најави со серија жешки фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм. Таа позираше во латекс градник, наметка и чизми високи до бутовите.

Лурдес дебитираше на модната писта во 2018 година на модната недела во Љујорк, и веќе еднаш беше модел за долна облека. Таа позираше во гаќи за линијата Parade x Juicy Couture, а се појави и во кампањи за Сваровски и Марк Џејкобс.

Таа се појави на насловната страница на Вог во септември заедно со колешките од пистата Џиџи Хадид и Каја Гербер. Таа неодамна крена прашина кога се појави на Мет Гала со небричени пазуви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk