Ќе ви се заврти во глава: Колку заработуваат најголемите ѕвезди во регионот?

Сајтот "Celebritynetworth" се занимава со имотот и заработката на големите ѕвезди. Тој неодамна ја објави заработката на познатите ѕвезди од регионот.

Еве кој се најбогати ѕвезди во регионот.

5. Лепа Брена – 16 милиони долари. Сајтот пишува дека Брена најмногу продала во Југославија, дури и до 40 милиони плочи. На сајтот пишува дека таа е одлична пејачка, актерка и менаџер.

4. Шабан Шаулиќ – 20 милиони долари. На сајтот пишува дека тој снимил 30 албуми, дека е сопруг на Гордана за која напишал песни и дека има син и две ќерки.

3. Драгана Мирковиќ – 30 милиони долари. Таа е една од најпопуларните пејачки во регионот, но и во Бугарија, Романија, пишува сајтот.

2. Јелена Карлеуша – 40 милиони долари. Како што пишува сајтот, Карлеуша е една од најпознатите пејачки во регионот, борец за правата на луѓето.

1. Светлана Цеца Ражнатовиќ – 80 милиони долари. Според сајтот е на прво место и една од најпопуларните пејачки во регионот од 1988 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари