logo
logo
logo

Ќе се снимаат уште епизоди од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер со молба до Саманта - „Врати се, добредојдена си“

Vecer | 29.07.2021

Ќе се снимаат уште епизоди од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер со молба до Саманта - „Врати се, добредојдена си“

Популарните четири најдобри пријателки и хероини од серијата „Сексот и градот“, повторно се собраа запродолжетокот „И баш така“, но овој пат без Саманта. Иако продукцијата стравуваше дека на гледачите ќе им недостига т ликот на Саманта, тие постигнаа ненадеен успех. Како што велат, актерката Ким Катрал (64) која ја отелотвори популарната Саманта е добредојдена во втората сезона.

Сара Џесика Паркер (64), која ја игра Кери, исто така е извршен продуцент на серијата, а планот за снимање многу се промени:

- Продукцијата на серијата досега беше огромен успех, и бидејќи одговорот на фановите е пред сѐ позитивен, извршните продуценти Мајкл Патрик Кинг и Сара Џесика Паркер бараат повеќе од оригиналниот план, кој требаше да прикаже само 10 епизоди - изјави извор од продукцијата.

Снимањето на втората сезона ќе биде објавено наскоро, а познато е дека вратата на Ким е ширум отворена.

- Дамите ја сакаат и ја ценат и би сакале да ја видат во новата серија. Целата поента на оваа серија е да покаже како пријателствата се развиваат и се менуваат со текот на времето, па Ким е секогаш добредојдена доколку сака да се врати. Ако нејзините претставници нѐ контактираат и ни кажат дека е достапна, продукцијата веднаш ќе ѝ го резервира првиот лет за Њујорк - објаснуваат тие.

Серијата ќе се емитува на HBO Max, а заплетот ќе биде еден вид продолжение на „Сексот и градот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk