logo
logo
logo

Ќе се изненадите кога ќе видите за што всушност пееја Италијаните на Евровизија

Vecer | 23.05.2021

Ќе се изненадите кога ќе видите за што всушност пееја Италијаните на Евровизија

Италија победи на вчерашното финале на Евровизија, но денес повеќе се пишува за видеото кое осамнана социјалните мрежи на кое фронтменот е наведнат над масата па многумина помислија дека шмркаат дрога. Но, за што всушност се работи за нивната песна?

Менескин, што во превод значи месечина на дански јазик (во чест на родниот град на басистката Викторија), постигнаа вкупно 529 поени од стручното жири и публиката.

Изведбата на нивната песна на Евровизија беше малку изменета од оригиналот поради експлицитни зборови, несоодветни за Евровизија.

Но, по победата, бендот го изведе оригиналот на својата песна.

„Ние само сакаме да ѝ кажеме на цела Европа и на светот дека рокенролот никогаш не умира“, рече Дејвид по триумфот.

Zitti e buoni („Замолчи и однесувај се“) е песна за неконформист, кој не сака да биде биде ист со другите луѓе и постојано ја истакнува неговата посебност. Главниот јунак на песната ѝ се извинува на својата мајка која не го пушта да влезе во куќата затоа што тој секогаш доаѓа дома доцна, и вели дека ѝ таа не е како другите.

"Јас сум откачен, но не како нив. И ти си откачена, но не како нив. Ние сме откачени, но не како нив. Ние не сме како нив", заклучува песната што може да ја слушнете подолу.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=RVH5dn1cxAQ[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk