Ќе испратам тенк на Хрватите! Дино Мерлин го отпушти тапанарот поради недолична изјава

Во неговиот тим нема место за такви како што е Чешљар

Дино Мерлин по кратка постапка го отпуштил од својот бенд тапанарот Амар Чешљар, кој изјавил дек "ќе испрати тенк на Хрватите кои во Мостар протестирале против Жељко Комшиќ, новоизбраниот член на Претседателството на БиХ...

Мерлин се огласил во јавноста во кој јавно го осудува својот довчерашен соработник.

"Разочарен сум, тажен сум и остро ги осудувам неодамнешните постапки на музичкиот соработник Амар Чешљар кој со своите неумесни коментари нанел голема штета на тимот професионалци и уметници кои се со мене неколку децении ширум светот кои преку музиката пропагира љубов, мир и добро", напишал Мерлин и додава:

"Сите мои соработници добро знаат дека моите животни принципи било кој народ или поединец и дека во тој тим нема место за оние чии ставови изразуваат и повикуваат на националан, расна, религиска или било која друга врста нетрпеливост".

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари