logo
logo
logo

Ќе има и СЕРИЈА „ТОМА“: Познати и ПРВИТЕ ДЕТАЛИ

Vecer | 14.10.2021

Ќе има и СЕРИЈА „ТОМА“: Познати и ПРВИТЕ ДЕТАЛИ

Филмот „Тома“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ ја воодушеви публиката на овие простори, за што сведочи големиот интерес во кината. Остварувањето за пејачот и боем, чија музика одбележа една епоха и субкултура, досега го гледаа повеќе од 600.000 луѓе, а таа бројка расте од ден на ден.

Она што е познато е дека ќе имаме можност да ја гледаме и серијата „Тома“. Сценаристот и режисер Зоран Лисинац беше подготвен да зборува за деталите.

Тој изјави дека серијата ќе биде различна од филмот.

- Серијата има 8 епизоди, опфаќајќи ги сите сопруги на Тома. Го следи неговиот живот многу потемелно, и ќе има вкупно 400 минути материјал низ кој ќе биде прикажан Тома. Преносот ќе започне кон средината на есента - изјави Лисинац.

Дури и на оние кои го гледале филмот неколку пати, ќе им биде интересно да ја следат серијата, бидејќи додека кино хитот беше дело на Драган Бјелогрлиќ, серијата е во рацете на Зоран Лисинац.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk