logo
logo
logo

Кира Најтли има корона, иако била целосно вакцинирана: Се чувствувам лошо

Vecer | 29.11.2021

Кира Најтли има корона, иако била целосно вакцинирана: Се чувствувам лошо

Кира ја потврдила веста за The Telegraph's Stella  додека го давала интервјуто, додавајќи дека само нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон се фали дека нема никакви симптоми.

Кира и нејзините две ќерки Еди и Далила се во изолација во домот во Лондон, каде што се опоравуваат од болеста. Интервјуто го направила преку платформата Zoom и открила дека не се чувствува најдобро.

"Дали ќе ви пречи ако не ја вклучам камерата? Имам корона и се чувствувам прилично лошо", му рекла Кира на новинарот.

Таа додала дека нејзиниот сопруг Џејмс се фали дека нема симптоми на болеста.

"Тој е многу среќен поради тоа. Убеден е дека тоа е затоа што тој е еден од оние луѓе кои се капат во ладна вода, а јас не го правам тоа", рекла Кира.

Таа истакнала и дека била вакцинирана со двете дози, а нејзините ќерки сега се чувствуваат подобро. По закрепнувањето, таа се враќа на снимањето на Тивка ноќ, на кое работи од октомври 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk