Ким Кардашјан и семејството итно евакуирани поради пожар

Ким Кардашјан и Канје Вест морале да го напуштат својот дом во Калабасас, Калифорнија. Поради пожарот што ја зафати областа, бројни жители беа евакуирани, а имотите, куќите и автомобилите беа уништени. Таа ги извести своите следбеници на социјалните мрежи дека заминала од куќата еден час откако се вратила дома, и ѝдозволиле да земе само неколку работи.

„Молете се за Калабасас”, напишала старлетата.

Потоа, Ким објави дека пожарникарите пристигнале.

„Пристигнуваат пожарникарите. Ви благодарам за сè што правите за нас”, напиша Ким.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари