logo
logo
logo

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон и официјално се НОВ ПАР, ги „уловија“ заедно на РОМАНТИЧНА ПРОШЕТКА

Vecer | 22.11.2021

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон и официјално се НОВ ПАР, ги „уловија“ заедно на РОМАНТИЧНА ПРОШЕТКА

Ким Кардашијан (41) и Пит Дејвидсон (28) и официјално се заедно. Играта дека само се пријатели траеше извесно време, но по последните фотографии нема сомнеж. Оваа информација прв ја пласираше американскиот магазин Page Six, а последниве денови бевме сведоци на бројни дружења на новата позната двојка.

Дека се од романтична природа, се гледа и од последната фотографија на Ким и Пит кои беа „фатени“ од немилосрдните папараци. Најновите љубовници се држеа за рацедодека одеа, но се чини дека не им пречеше вниманието на објективот. Комичарот и ѕвезда на шоуто „Saturday Night Live“ и на својот роденден отпатува во Калифорнија за да помине време со реалити ѕвездата.

Обожавателите почнаа да шпекулираат за нивната врска дури откако пред неколку недели заедно се возеле на рингишпил во забавниот парк и таму се држеле за рака, а се е снимено од камера. Ким и Пит неодамна глумеа заедно во скечеви на „Saturday Night Live“, кога таа беше водителка. Таму се бакнуваа маскирани во Аладин и Јасмин, а се чинеше дека има нешто повеќе зад професионалниот бакнеж. Пит е дел од постојаната екипа на ова исклучително популарно шоу во САД, кое го прослави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk