logo
logo
logo

Ким Кардашијан и Кание Вест официјално се разведуваат

Vecer | 20.02.2021

Ким Кардашијан и Кание Вест официјално се разведуваат

По повеќе од еден месец шпекулации за тоа дали Ким и Кание се разделиле, кој кого изневерил и дали ќе падне помирувањето, Ким Кардашијан официјално поднесе барање за развод.

Според извори, минатата година им била многу тешка - Кание се кандидирал за претседател, додека се борел со биполарно растројство. Иако во еден момент му дала безрезервна поддршка, зборувајќи отворено за важноста од дестигматизација на лицата со ментални нарушувања, Ким очигледно не можела да се избори со притисокот.

Така, во декември 2020 година, тие почнаа да живеат одделно, со образложение дека повеќе не гледаат заедничка иднина.

Да потсетиме, Ким и Кание се венчаа во 2014 година во Фиренца и имаат четири деца: Норт, Сент, Чикаго и Псалм.

А дали ќе ја дознаеме официјалната причина за разводот останува да видиме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk