logo
logo
logo

Ким и Ирина со ИСТ ВКУС ЗА МАЖИ, ГО ДЕЛЕЛЕ И РОНАЛДО!

Vecer | 12.06.2021

Ким и Ирина со ИСТ ВКУС ЗА МАЖИ, ГО ДЕЛЕЛЕ И РОНАЛДО!

Анимозитетот меѓу Ким и Ирина сè повеќе расте, причината е очигледна и двете имаат ист вкус за мажи. Во прилог на нетрпеливоста оди и фактот што Канје неодамна престана да ги следи Ким и нејзините сестри на Твитер, и покрај тоа што таа јавно му го честиташе роденденот.

Ирина Шајк пред Бредли Купер со кого ја доби ќерката  Лео Де Сејн беше во сериозна врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, а заедно поминаа дури пет години. Сè беше како во бајка, а потоа одеднаш во светските медиуми одекна веста дека раскинале и дека за сето тоа е виновна мајката на Роналдо која што се мешала во нивната врска. Кристијано е многу приврзан за неговата мајка, а Ирина не можеше да се справи со тоа.

Тие се запознале во 2010 година, а истата година Роналдо беше фатен во друштво на најпознатата старлета Ким Кардашијан. Набрзо започнаа „шушкањата“ дека тие двајца се во љубовна врска бидејќи во јавноста се појавија фотографии како се бакнуваат, но врската никогаш не беше потврдена.

Откако раскинаа со Ирина, во 2016 година, Роналдо и Ким беа фатени повторно заедно на концертот на Џенифер Лопез. Но, никогаш не се потврди дали станувало збор само за кратка авантура или за посериозна врска.

Да потсетиме, еден од најпознатите рапери во светот Канје Вест и Ирина беа фатени на романтична прошетка низ Прованса каде го прославија неговиот роденден. Со денови се „шепотеше“, а фотографиите конечно ги потврдија сомнежите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk