Кија Коцкар стана пејачка и промовираше спот со Министарке (ВИДЕО)

Кристина Кија Коцкар од стјуардеса стана пејачка, откако победи во популарното ријалити Задруга. Иако велеше дека нема да се занимава со пеење, бидејќи пејач е нејзиниот сопруг Слободан Радановиќ со кого час се разведува, час не потпишуваат, таа го престави спотот за песната „Не се враќам на старо", снимен со групата „Министарке". Спотот е одличен, за вокалните способности проценете сами.

„Не можам да ви опишам како се чувствувам. Многу големо фала за Фили Милетиќ и Милош Рогановиќ, кои ми дадоа можност да соработувам со „Министарке". Се разбира големо фала и за Кристина и Милица кои исто така многу ми помогнаа. Ова е само почеток, ова е вистинска летна песна, а на есен стигнува мојата прво соло. Ќе видиме како публиката ќе ја прифати", изјавила Кија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари