logo
logo
logo

Киану Ривс се срами што заработува толку многу, подарил голем дел од своите пари

Vecer | 21.01.2022

Киану Ривс се срами што заработува толку многу, подарил голем дел од своите пари

Ова го открива за The Post, пријател на актерот, а како причина навел дека на Ривс му е многу непријатно што заработува толку многу.

"Тоа е нешто за што му е многу непријатно. Киану им даде поголем дел од парите на луѓе на кои им требаат и само неколку луѓе знаат за тоа. Тој е многу свесен за тоа колку има среќа, но за разлика од другите холивудски мегаѕвезди, тој тоа не го зема здраво за готово“, рече тој.

Актерот, како што беше откриено во декември, донирал 70 отсто од приходите од неговиот филм „Матрикс“ за истражување и изнаоѓање лек за леукемија. Покрај тоа, ужива во шопинг и донирање на своите соработници, семејството и добротворните организации. Така, тој дал бонус од 20.000 долари од свој џеб на вработен на сетот на Матрикс, кој се нашол во финансиски проблеми.

Тој, исто така, донира мотоцикли Харли Дејвидсон на дванаесет каскадери од Matrix Reloaded, а на снимањето на четвртото продолжение на Џон Вик им подари скапи Rolex Submariner часовници со лична посвета на членовите на неговиот каскадерски тим. Киану е познат како еден од актерите со кои сите сакаат да работат, не само поради неговата дарежливост, туку затоа што никого не потценува и смета дека сè е подеднакво важно за успех на самиот филм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk