logo
logo
logo

Киану Ривс има многу необично име, откри што значи (ВИДЕО)

Vecer | 27.09.2022

Киану Ривс има многу необично име, откри што значи (ВИДЕО)

Актерот, роден во Либан е една од најголемите ѕвезди на планетата во последните 30 години, а на почетокот на неговата кариера се појави темата од каде доаѓа неговото име и што всушност тоа значи. Зборувајќи со Дејвид Летерман во 1994 година, актерот објасни дека тоа се должи на неговиот пра-пра-вујко, кој исто така се викал Киану.

  „Необично име, не сум го слушнал досега, дали значи нешто на друг јазик, од друг дел од светот?“, го праша Летерман.

„Да, ми рекоа дека значи „кул ветре над планините. На Хавајски е“, одговорил популарниот актер.

Сепак, Киану не бил задоволен со своето име и сакал да го промени на почетокот на кариерата. На тоа го охрабриле и продуцентите кои сметале дека името Киану е премногу егзотично. Во едно интервју тој открил дека размислувал да го земе името Чак Спадина, но се премислил. Кој знае, да го земеше, можеби никогаш немаше да стане светски познат актер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk