logo
logo
logo

Киану Ривс доби брачна понуда од обожувателка- неговиот одговор ги насмеа сите

Vecer | 16.03.2023

Киану Ривс доби брачна понуда од обожувателка- неговиот одговор ги насмеа сите

58-годишникот ѝ открил на публиката дека решил да ги задржи часовникот и венчалниот прстен на својот лик како спомен.

„Ќе се омажам за тебе“, му рекла обожувателка од публиката. Актерот кој никогаш досега не бил оженет ѝ одговорил: „Да, внимавај што посакуваш“, а со својот одговор насмеа многумина. Кијану Ривс моментално е во врска со уметничката Александра Грант.

Со години не е во врска поради траумата што ја доживеал во 90-тите, кога бил во врска со актерката Џенифер Сајм, која се прослави со улогите во филмовите на Дејвид Линч. Двојката започнала врска во 1999 година, а таа година таа забременила. Сепак, тие го изгубиле бебето во осмиот месец од бременоста. На Бадник 1999 година, таа родила мртво девојче, Ава Арчер Сајм-Ривс.

Загубата ги разделила, а врската ја прекинале само неколку недели откако ја погребале ќерката во јануари 2000 година. Две години по губењето на своето бебе, Џенифер Сајм почина во страшна сообраќајна несреќа во Лос Анџелес. Актерката со полна брзина удрила во паркирани автомобили, испаднала од возилото и останала мртва на лице место.

„Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува. Луѓето имаат погрешно верување дека можеш да се справиш со неа и дека во еден миг велиш дека ја нема и сега се чувствуваш подобро. Тие грешат. Кога луѓето што ги сакаш умираат, ти си оставен сам“,рекол Киану во интервју за Парад во 2006 година.

Инаку, Киану Ривс е познат како „најголемиот холивудски доборчинител“ со оглед на тоа што голем дел од својата заработка ја донира во добротворни цели. Актерот често се дружи со бездомниците и е исклучително љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни обожаватели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk