logo
logo
logo

Хрватската пејачка Јелена Розга е препознатлива по елегантниот и одмерен стил на облекување

Vecer | 29.03.2023

Хрватската пејачка Јелена Розга е препознатлива по елегантниот и одмерен стил на облекување

Хрватската пејачка Јелена Розга (45) е препознатлива по елегантниот и одмерен стил на облекување на кој е доследна уште од почетокот на својата кариера.

Така беше и овој пат на доделувањето на престижните медиумски награди „Вечерњакова ружа“, настан кој се одржа во саботата во Хрватскиот народен театар, кога пристигнувањето на Јелена Розга беше особено забележано.

Таа се појави во екстравагантен црн фустан што досегаше до подот. Горниот дел беше со ролка и долги ракави, а во пределот на струкот беше целосно отворен и прицврстен за долниот дел од фустанот. Отворот на грбот беше длабок до задникот. Целиот фустан беше со црна мониста, што го правеше уште поекстравагантен. Чевлите воопшто не се гледаа бидејќи фустанот ги покриваше, а Јелена се појави без дополнителни додатоци или накит за да не го расипе впечатокот на фустанот. Како и секогаш, пејачката беше дискретно нашминката, а косата ѝ беше средена со препознатливи ретро бранови.

Во оваа прилика, Јелена ја отпеа песната „Опрости мала“, што ја изведуваше уште како член на групата Магазин.

Нејзината објава на Инстаграм за само еден ден доби 13.100 „лајкови“ и стотици коментари. Меѓу првите нејзината колешка Нина Бадриќ воодушевено прокоментирала:

-Совршен фустан, позајми ми го Јелена!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk