logo
logo
logo

Холивудски ѕвезди како манекени се прошетаа по модната писта во Милано (ФОТО)

Vecer | 17.01.2022

Холивудски ѕвезди како манекени се прошетаа по модната писта во Милано (ФОТО)

Вчера се претставија и холивудските актери од А-листата, вклучувајќи ги Џеф Голдблум и Кајл Меклахлан.

МекЛахлан и Голдблум го отворија и затворија шоуто, шетајќи по пистата во долги зимски бунди.

Ас Батерфилд (Сексуално образование) и Томас Броди-Сангстер (Светла ѕвезда) одеа на модната писта со нив, како и уште шест актери избрани од дизајнерите како „вистински мажи, познати личности... кои нудат нов аспект на реалноста“.

Критичарите велат дека некои од нив и покрај богатото актерско искуство на пистата „не се снашле баш најдобро“.

Затворајќи го шоуто, Голдблум излезе од виолетово осветлениот тунел на чуден начин, како изненаден што се најде на пистата, а потоа весело продолжи понатаму.

„Презентирајќи ја оваа облека, нагласуваме дека сè што прави еден маж е важно. Секој аспект од реалноста може да биде елегантен и достоинствен. Размислувавме за значајна мода, парчиња што имаат смисла, облека што прави луѓето да се чувствуваат важни и кои се важни сами по себе. “, рече 72-годишната Миуча Прада, претприемач и модна дизајнерка на чело на модната куќа основана во 1913 година од нејзиниот дедо.

Раф Симонс, ко-дизајнер на Прада, кој се приклучил на модната куќа во 2020 година, откако креирал за Џил Сандер, Диор и Келвин Клајн, рече дека „основите на машката облека се поврзани со индустриските форми и комбинираат елегантен стил и уличната мода“.

Во екот на пандемијата на коронавирус, модните дизајнери заземаа различни, дури и спротивставени ставови за тековниот момент. Некои во своите колекции велат дека се движиме кон крајот на тунелот, а некои дека е време да се засолниме.

Неделата на машката мода во Милано, која трае до вторник, е одбележана со ширење на многу заразната варијанта на коронавирусот, омикрон, поради што многу модни куќи решија да го откажат учеството на ревијата.

Меѓу нив е и Џорџо Армани, кој покрај Милано ја откажа и ревијата за „висока мода“ во Париз. Осумнаесет модни брендови се одлучиле за виртуелно присуство на Модната недела, а останатите ги претставија своите колекции по закажување.

„Научивме да живееме со вирусот“, изјави за АФП Паскал Моранд, претседател на француското здружение за висока мода. „Така дигитално се надополнува физичкото присуство на пистата, но не може да се замени емотивната страна на физичкото учество во модна ревија.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk