logo
logo
logo

Холивудска актерка е уапсена- украла маица од 28 долари (ВИДЕО)

Vecer | 05.02.2023

Холивудска актерка е уапсена- украла маица од 28 долари (ВИДЕО)

Младата актерка, позната по улогата во популарната серија на HBO Euphoria, е снимена на 27 декември во трговски центар во Ланкастер, Пенсилванија, како влегува во кабина за преоблекување облечена во маица на Moda International, а подоцна ја напушта кабината без маица.

Ја пријавил вработен во трговскиот центар каде ја украла маицата и ја покажал снимката на полицијата. На крајот не успеале да ја најдат маицата и заклучокот бил дека Клои ја земала. Како што пренесуваат странските медиуми, Клои купила уште некои работи со кредитна картичка, но меѓу нив не била спомената маичката. Клои на крајот наводно признала дека ја украла маицата и ја вратила на полицијата.

Инаку, Клои пред улогата во серијата на HBO била порно актерка и манекенка, но поради славата и успехот што ги стекна во Еуфорија, ги напушти тие две професии и се посвети на филмот. Наводно, Чери не е во финансиски проблеми и не е позната конкретната причина зошто ја украла маицата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk