logo
logo
logo

Харисон Форд со комплименти за Хелен Мирен: Се уште си секси (ВИДЕО)

Vecer | 03.02.2023

Харисон Форд со комплименти за Хелен Мирен: Се уште си секси (ВИДЕО)

80-годишниот актер зборуваше за својата три години помлада колешка со која пред 37 години глумеше во филмот „Москито Коуст“. Колбер се интересирал дали Форд мисли дека 77-годишната актерка се уште е жешка, а Форд како топ одговорил: „Се уште е секси“.

Неговиот одговор предизвика аплауз кај публиката, а водителот се обиде да дознае дали има нешто помеѓу Форд и Мирен, но актерот во манир на вистински џентлмен само енигматично се насмевна. Колбер раскажа како актерката го бакнувала во уста кога дошла во неговото шоу, а Форд се насмеал и рекол дека Мирен е талентирана актерка.

"Таа е навистина неверојатна за гледање. Имавме многу физички акции, што таа ги направи многу добро. Таа само скокна и правеше работи што не би замислиле дека ќе ги направи Хелен Мирен", ја пофали Форд за нејзината улога во споменатиот филм.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk