logo
logo
logo

Хајди Клум го прослави својот 50-ти роденден! (видео)

Vecer | 07.06.2023

Хајди Клум го прослави својот 50-ти роденден! (видео)

По повод својот 50-ти роденден, Хајди Клум направи голема забава и, според многумина, таа е ѕвезда на вечерта. За својот јубилеј, манекенката се определила за долг фустан од тул со отворен грб. Вечерната тоалета има кремава боја и е проткаена со циркони, па изгледа како да се прелева. Хајди овој изглед го комплетирала со бунда со пердуви, а на главата ставила еден вид ретро тијара.

Таа се фотографирала со бројните гости, танцувала цела ноќ, пиела коктели и дувала свеќички на тортата додека гостите ѝ ја пееле славеничката песна. На својот профил на Инстаграм, по повод својот роденден, Хајди објавила неколку видеа и серија фотографии. На едно од видеата, додека таа ја чека тортата, зад неа стои манекенката и топ-модел Алесандра Амбросио, како една од гостите. На фотографиите, Хајди исто така позира со актерката Софија Вергера, со која заедно се заштитни лица на шоуто „Америка има талент“.

По објавените фотографии и видеа, јавноста коментирала дека Хајди е сè уште згодна, но дека би требало да има некакви граници на однесување, пишува Сан.

Според некои нејзините придружници на Инстаграм, однесувањето на манекенката која е на прагот на шестата деценија е недолично, особено на снимката на која Хајди танцува со новинарката и уредничка на германското списание „Харпер’с Базар“, Керстин Шнајдер, покажувајќи го задникот во прв план.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk