logo
logo
logo

Кевин Костнер се расплака по долготрајните овации во кан (ВИДЕО)

Vecer | 22.05.2024

Кевин Костнер се расплака по долготрајните овации во кан (ВИДЕО)

69-годишниот актер беше на работ на солзи, а кога се смири, се заблагодари на публиката и се пошегува на своја сметка.

„Жал ми е што моравте да ракоплескате толку долго за да сфатам дека треба да одржам говор“, се пошегува тој, а потоа додаде: „Толку добри луѓе. Толку добар момент, не само за мене, туку и за актерите кои дојдоа со мене, за луѓето кои веруваа во мене, кои продолжија да ја работат оваа забавна работа и многу ми е мило што ја најдов и никогаш нема да ја заборавам - ниту моите деца.“

Инаку, Костнер се појави во Кан со своите пет деца, а неговиот 15-годишен син Хејс за прв пат се испроба во улогата на актер во филмот на неговиот татко. Идејата за филмот Костнер ја добил пред 30 години, а покрај режијата и пишувањето на сценариото, глуми и во филмот. Приказната е поделена во четири поглавја, а првото продолжение ќе се појави во кината ова лето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk