logo
logo
logo

Кетрин Зета Џонс загрижена: Маж ми Даглас не сака да прифати дека е стар и сака уште една пластична операција

Vecer | 19.06.2021

Кетрин Зета Џонс загрижена: Маж ми Даглас не сака да прифати дека е стар и сака уште една пластична операција

Актерката Кетрин Зита – Џонс тврди дека е многу загрижена за нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, бидејќи тој наводно сака уште една хируршка интервенција.

Двојката се венча пред 25 години, а Мајкл призна дека направил затегнување на лицето во 2000 година, по што не престанал со третмани за подмладување на лицето.

Доктор неодамна му рекол, како што тврди извор близок на двојката за американските медиуми, дека би било паметно да се запре пластичната операција, бидејќи тие можат сериозно да го загрозат неговото здравје. Причината е што тој има 76 години.

Изворот, сепак, понатаму наведува дека Даглас не сака да се откаже и дека сака повторно да се подложи на интервенции.

„Кетрин е многу загрижена за него и му вели да прифати природно стареење на лицето, но тој не ја слуша“, тврди извор за американските медиуми.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk