logo
logo
logo

Кети Пери испрати ВАЖНА ПОРАКА до сите МАЈКИ!

Vecer | 23.06.2021

Кети Пери испрати ВАЖНА ПОРАКА до сите МАЈКИ!

Кети Пери и Орландо Блум станаа родители на девојчето Дејзи пред 9 месеци, а папараците неодамна ги уловија на семеен одмор во Грција.

Судејќи според фотографиите, пејачката не е оптоварена со тежината и не брза да си ја врати линијата со екстремно вежбање. Со нив беше и синот на Орландо од првиот брак, десетгодишниот Флин, кој го има со манекенката Миранда Кер.

Покрај совршеното извајано тело на Орландо, внимание привлече и Кејти во едноделен виолетов костим за капење.

Поради својата отвореност и реални ставови за прашањето на женското тело по породувањето, Кети ги заработи симпатиите на жените ширум светот. Доказ се многу позитивните коментари под фотографиите на пејачката на социјалните мрежи.

 

Двојката уживаше на плажа, а се шпекулира дека се венчале во тајност бидејќи на видеото што пејачот неодамна го објави на Инстаграм, актерот носеше прстен кој наликува на бурма.

Да потсетиме, актерот ја запроси Кети на Денот на вineубените во 2019 година, и за двајцата ова ќе биде втор брак. Таа претходно беше омажена за комичарот Расел Бренд, кој наводно преку СМС побарал развод со што многу ја повредил пејачката. Сепак таа среќата ја пронајде во близина на познатиот холивудски заводник, а е блиска и со Миранда и со нивниот син.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk